Радио Милева семејни проблеми

„Мојата ќерка немаше татко до четири години“ – Гоца Тржан откри болни детатли за јавноста (фото)

„Мојата ќерка немаше татко до четири години“ – Гоца Тржан откри болни детатли за јавноста (фото)

Гоца Тржан беше во брак со сегашен член на „Задруга“, Иван Маринковиќ, со кој ја доби ќерката Лена. Пејачката по разводот се омажи за тапанарот Раша Новаковиќ, кој, како што истакнува, е посветен татко.

Имено, Гоца во едно интервју истакнала дека нејзината ќерка има татко од нејзината четиригодишна возраст.

– Дали твојата Лена имаше татко покрај себе? – прашал водителот.

– Па, таа има од четиригодишна возраст, откако јас и Радомир сме заедно, од тогаш, и толку. Едноставно, и таа и јас имаме среќа што тој дојде во нашите животи, што Лена има татковска фигура во куќата која е здрава и нормална, покажува љубов кон мајка и и голема љубов кон неа. Здравото дете потекнува од здраво семејство и среќно семејство каде и мајката и таткото се среќни луѓе, а тоа не мора да значи дека и двајцата мора да бидат биолошки родители – изјави пејачката во една емисија.

Да потсетиме, Гоца во неколку наврати зборуваше за врската на Иван со неговата ќерка.

– Лена не ни знае дека татко и ја спомнува во реалното шоу, ние не го гледаме тоа, ниту пак чита весник, целосно сме се изолирале од таа страна. Не ја злоупотребувам во ниту една смисла во јавниот живот, мислам дека никој не треба да го злоупотребува нејзиното име и не го дозволувам тоа. Моето дете не сака да биде популарно, не сака да се фотографира, досега одбив толку многу насловни страници, бидејќи не сака да се фотографира со мене, и мило ми е – изјавила  таа за српскиот портал Блиц.

Инаку, Иван Маринковиќ доби дете со Миљана Кулиќ во „Парови“ и го добија синот Жељко, кого првпат го виде неодамна во реално шоу.

Фотo: Принтскрин// Инстаграм/Горан Срданов

To top