Радио Милева

„Моето мало виножито“: Милена Антовска се пофали со маската на нејзината ќеркичка (фото)

„Моето мало виножито“: Милена Антовска се пофали со маската на нејзината ќеркичка (фото)

Во најразлични делови од светот, „Денот на шегата“ се празнува на 1ви април.  Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии.

1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.

По тој повод, луѓето се маскираат во најразлични маски и излегуваат на улица, парк, некоја дискотека….

Водителката на „Сподели проблем со Милена“, Милена Антовска својата ќерка Лана Марија за 1ви април ја маскираше во виножито.

фото: Принтскрин/инстаграм/миленаантовска

Имено, во фустанче во разни бои кои наликуваат токму на виножито, Лана Марија изгледаше прекрасно, а Антовска побрза да се пофали со неколку фотографии на социјалните мрежи.

фото: принтскрин/инстаграм/миленаантовска

фото: принтскрин/инстаграм/миленаантовска

За потсетување, во август 2017 година Милена и нејзиниот сопруг Гордан станаа родители на нивното прво дете, ќерката Лана Марија која наскоро ќе наполни две години.

To top