Гоца Тржан гостуваше во емисијата “Пусти брига“ каде откри во каков однос е со својата ќерка Лена.
– Лена не е опасна, само има свој став во животот. И се восхитувам на многу начини и учам од неа секој ден. Мислам дека секој паметен родител во одреден момент сфаќа дека има многу да научи од своето дете. Затоа што децата служат за да го покажеме нашиот имиџ. Кога ќе го погледнете вашето дете, тоа е огледало за вас. Моето дете е мирно, знае да се кара и да каже не. Тоа го учам секој ден од неа – рече пејачката и додаде:
-Има денови кога би и ги ископала очите и би ја закопала во дворот, како секој родител. Но, тоа е нормална работа кога имаш тинејџер во куќата, секој родител што има тинејџер знае за што зборувам.
Да потсетиме, Гоца Тржан ја доби ќерката Лена од бракот со поранешниот сопруг Иван Маринковиќ, кој неодамна ја обвини дека нема нормални односи со нејзината ќерка.
-Со ќерка ми немам нормални односи, а за тоа е виновна мојата поранешна сопруга, ова го кажувам свесно – рекол Иван.