Живот и Стил

Модни совети за визуелно да изгубите неколку килограми

Модни совети за визуелно да изгубите неколку килограми

Вистинскиот моден избор може инстантно да го подобри целосниот изглед и да го сокрие вишокот килограми кој ја разнишува женската самодоверба.

Вљубете се во „V“ деколтето. Острото деколте кое ја краде формата на обратен триаголник го издолжува торзото, притоа бришејќи килограми од вашиот изглед.

Избегнете ги чевлите со ремче на глуждовите и ниските чизми. Сандалите со ремче на глуждовите ги прават нозете пократки и до израз доаѓаат “листовите” и бутовите.

 Подалеку од сатенот и светкавата облека. Сатенот ќе го истакне секој недостаток на телото и ќе придонесе да изгледате поголеми отколку што навистина сте. Доколку сакате погламурозен изглед, најбезбедно е да го постигнете со светкави и блескави модни додатоци.

Комбинирајте здолништа, хулахопки и обувки во иста боја. Кога долниот дел од телото ви е облечен во иста боја, фигурата ви се издолжува. Ефектот е најочигледен ако изберете црна боја.

фото:holopretty

Преферирајте подолги палта или џемпери со поголема јака. Палтата и џемперите со средна должина до под задникот го издолжуваат телото. Поголемата јака помага затоа што го привлекува погледот кон лицето и ги балансира широките колкови.

To top