Живот и Стил

Модни совети за бремени жени

Модни совети за бремени жени

Многу жени кога ќе дознаат дека се бремени почнуваат да размислуваат за зголемување на килограмите, големиот стомак и големите гради. Најголем проблем на жените е што да облечат за да изгледаат убаво, женствено и секси, а тоа да не биде вулгарно или претерано. Најважното правило е да се чувствувате пријатно што и да одберете. Ова се најдобрите модни совети за бремените жени.

Прво тримесечје
Во првите месеци од бременоста, всушност сеуште ништо не се гледа. Но, мачнините, заморот и раздразливоста поради дисбаланост на хормоните во голема мера придонесуваат да се чувстувате непријатно. Во првите месеци, најдобро е да се облекувате во она што се чувствувате удобно и она што го сакате. Сега сеуште имате можност да носите тесни кошули и фустани и да ги користите. Се чувствувате женствено и секси, поради хормони многу жени во бременоста изгледаат поубаво отколку порано. Косата и кожата блескаат, а ноктите растат побрзо. Искористете ги предностите од првите месеци од бременоста за да заблескате повеќе од кога било.

Второ тримесечје
Од четвртиот месец на бременоста, стомакот почнува да се забележува. Не го притискајте со фармерки и тесни панталони. Носете еластична облека, туника и сè што е лесно за носење. Вашиот стомак почнува да расте и немојте да го криете. тесните маици убаво ќе го истакнат, а пожелно е да носите и фустанчиња. Сега сте секси бремена жена и вашите гради ви се адут, немојте да ги сокривате. Кратките јакни до половината, болерото и кошулките врзани над стомачето убаво ќе го истакнат топчестото стомаче, а Вие ќе изгледате секси.

Трето тримесечје
Во последните три месеци, жените често се чувствуваат лошо, тешко, и колку се поблиску до нивниот пораѓај потешко е да се чувствуваат удобно во секоја облека. За овој период се препорачуваат фустани со различни модели и дезени. Не се срамете од вашата големина. Истакнете ги градите, а фустанот нека паѓа до подот. Без оглед на сезоната, било кој фустан е одличен избор. Се разбира, не заборавајте за топлината и удобноста. Фустаните комбинирајте ги со убави јакни, костими и слично. Ако е лето, долгите тенки фустани се совршени за вас. Бременоста не е време кога треба само да лежите пред телевизорот со сад со грицки и мрсна коса собрана во пунџа. Напротив, излезете и бидете на воздух колку што е можно повеќе. Шетајте и дружете се. Поради хормонскиот дисбаланс, честопати ќе го менувате расположението, а престојот на воздух и во природа ќе ги балансираат овие чувства и ќе се чувствувате подобро.

To top