Живот и Стил

Модни комбинации во кои ќе изгледате многу убаво ова лето

Модни комбинации во кои ќе изгледате многу убаво ова лето

Сите ние обожаваме да носиме штикли бидејќи тие ги издолжуваат нозете и ја прават нашата фигура совршена. Но, постојат и денови кога едноставно сакаме да одбереме нешто поудобно, поедноставно и поопуштено. Овие 6 летни модни комбинации се наменети токму за тие денови!

Мини здолниште и балетанки

Ако сакате летно време да носите мини здолниште, тогаш најдобриот начин да го комбинирате за секојдневни настани се рамните обувки како балетанките. Тие ќе ги украсат вашите нозе и ќе го заокружат целиот аутфит, додека истовремено и ќе направат да изгледате повисоки.

Кратки шорцеви и мокасини

Кратките шорцеви без сомнение не одат со балетанките, но затоа пак одлично изгледаат со мокасините, особено ако сте пониски. Оваа комбинација ќе ве издолжи и ќе направи да изгледате како да сте вистински манекенки.

Миди здолниште и сандали

 

Миди здолништата се едни од најтешките парчиња облека за комбинирање, па за да си ја олесните работата следете го само ова правило – нагласување на глуждовите! Одберете сандали со мал број ремени за да им дозволите на стапалата да дојдат до израз.

Килоти и еспадрили

Сите се плашат да комбинираат килоти бидејќи тие визуелно можат да ги скратат нозете, но кога се комбинираат со еспадрили, тие добиваат модерен изглед додека истовремено и ја издолжуваат вашата фигура.

To top