Заборавете на класичните, пастелни и темни лакови и одберете светли и „сочни“ нијанси за нокти.
Дури и во овој период од годината кога дождот е повеќе присутен отколку сонцето и високите температури, неонските нијанси на лакови за нокти може да го поправат вашето расположение.
Овие лакови даваат впечатлив изглед како во текот на денот, така и во вечерните часови, а доколку се одлучите за ваков тип на маникир, треба да имате во предвид неколку работи:
– неон лаковите најдобро одговараат на кратки, но и на средна должина нокти.
– во однос на лакот за нокти, шминката треба да ви биде во неутрални нијанси.
– неопходна е нега на ноктите, па добро би било да користите природни масла за кожата околу ноктите.
Доколку се одлучите да направите промена на ноктите, инспирирајте се од галеријата подолу!