Живот и Стил камбек

Моден хит: Комбинации со беретка за париски шик

Моден хит: Комбинации со беретка за париски шик

Беретките доживуваат силен камбек.

Во минатото биле дел од војничка униформа, станале омилен аксесоар на артисти како Пабло Пикасо, Марлен Дитрих, Едит Пјаф и Џон Ленон, добиле имиџ на револуционерен симбол благодарение на Че Гевара и влегле во основата на класичниот француски стил.

Модните брендови како никогаш досега им подарија значајно место во актуелните колекции. Реномираните куќи Диор и Гучи се најзаслужни за големото враќање на овој класичен моден додаток.

Блогерките ги обожаваат, а и ѕвездите како Ријана, Бела Хадид, Кендал Џенер и Елза Хоск не му одолеаја на шмекот на беретките. Инспирирајте се од следните комбинации и дајте ѝ шанса на беретката да го зачини вашиот стил.

To top