Откако на неговиот концерт се појави поранешната сопруга на пејачот Дарко Лазиќ,Ана Севиќ, нејзината средба со свршеицата на пејачот, Марина Гагиќ, го привлече вниманието на медиумите.
Сега на својот Инстаграм, Ана објасни дека била „плус еден“, односно гостинка на нејзината ќерка Лорена, која имала друштво на големиот концерт на татко и со кој тој симболично го означи 10 годишниот јубилеј на сцената и новиот почеток по сообраќајната несреќа која ја доживеа.
Меѓу гостите, секако, беше и Марина Гагиќ, свршеницата на пејачот со која Лазиќ неодамна го доби својот син Алексеј.
Бидејќи медиумите со денови се занимаваа со оваа средба, еден српски медиуми ги нарекуваше ривали Ана и Марина, а Севиќ почувствува потреба да го негира тоа.
– Никогаш не бевме ривали затоа што Дарко и јас во тоа време веќе бевме во голема мерка одвоени – напиша пејачката на Инстаграм со намера да ги прекине шпекулациите.