Солта ја прави лубеницата да биде послатка затоа што креира солено-сладок контраст и така овозможува слаткоста уште повеќе да дојде до израз.
Доколку досега сте слушнале за овој трик, веруваме дека набрзо ќе ни бидете благодарни.
Самата помисла дека лубеницата се јаде со сол, луѓето ги остава во шок.
Меѓутоа, Никол Вестон од Лос Анџелес, открила на својата веб-страница зошто таа комбинација е одлична.
„Признавам, бев скептична кога првиот пат имав посолено парче лубеница во рацете. Во тоа време, мојот пријател инсистираше дека тоа морам да го пробам тврдејќи дека така лубеницата ќе биде уште послатка. Пробав и беше во право“ – напишала таа.
Имено, солта лубеницата ја прави да биде послатка на вкус затоа што создава слатко-солен контраст поради тоа што е преполна со вода, за разлика од јагодите и другото овошје, кое што има поконцентриран, поинтензивен вкус.
Потребно е да ставите само малку сол на целото парче лубеница. Доколку ставите премногу, ќе ја „убиете“ нејзината слаткост и ќе мора да посегнете по ново парче лубеница.
извор:точка.ком.мк