Живот и Стил

Многу од луѓето ја консумираат во големи количини – храна поради која вашата коса опаѓа

Многу од луѓето ја консумираат во големи количини – храна поради која вашата коса опаѓа

Доколку сте забележале дека косата ви опаѓа повеќе отколку што треба, можна причина за тој проблем може да се наоѓа во консумирањето на оваа храна.

Истражувањето кое го спровеле тим научници од Медицинскиот и стоматолошкиот Универзитет во Токио се занимавало со ефектот на консумирање храна со големо количество на масти – тоа е поврзано со опаѓањето коса. Ова истражување објавено е во списанието „Nature“.

Имено, спроведен бил експеримент над две групи глувци. Една група добивала стандардна храна, додека пак друга добивала помрсна храна. Истражувачите претпоставиле дека првата група добива помалку масна храна. И, биле во право. За четири дена кај глувците кои јаделе помасна храна почнале да се појавуваат печати по телото (без влакна).

Тоа што било забележано е тоа што постарите глувци биле повеќе погодени од појавата. Заклучокот бил дека веројатно постарите лица кои не водат сметка за својата исхрана изгубиле повеќе коса.

Зошто се случува тоа? Преголемото внесување масти може да ги исцрпи фоликулите на влакната.

Опаѓање коса
Иако поголем дел од луѓето мислат дека проблемот со ќелавоста и губење коса главно ги погодува машките, истражувањето покажало дека околу 50 отсто од жените во текот на животот доживуваат забележително губење на косата. Постојат многу фактори кои влијаат на значителното опаѓање на косата. Консумирањето на масната храна може да биде една од причините.

извор:точка.ком.мк

To top