Попладневните главоболки најчесто се појавуваат кај луѓе кои подолго време седат на стол.
Утринските главоболки лесно може да се надминат со помош на одредени намирници, а кога се предизвикани од промена на времето помагаат некои суплементи.
Ако се разбудивте со главоболка, почнете го денот со неколку јатки. Во текот на денот продолжете да ги јадете како ужинка. Здравите масти ја олеснуваат тензијата меѓу мускулите и нервите.
Попладневните главоболки најчесто се појавуваат кај луѓе кои подолго време седат на стол. Предизвикани се од неприродната положба на телото. Во ваков случај најпрво протегнете се и раздвижете се, ќе забележите подобрување по неколку минути.
Стресот од работната недела кулминира во петок, а во сабота веќе ги чувствуваме последиците. Доколку се случи ваква главоболка, пред да посегнете по аналгетик, отспијте околу 30 минути. Бидете мирни, на тој начин го контролирате нивото на кортизол во телото.
фото:Freepik
извор:курир.мк