Радио Милева

Многу добро го познавате од „Ѕвездите на Гранд“: Овој Македонец влезе како специјален гостин во „Задруга“

Многу добро го познавате од „Ѕвездите на Гранд“: Овој Македонец влезе како специјален гостин во „Задруга“

Охриѓанецот Ристе Ристески сите го паметите по регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што во 2017 година ја однесе победата и според гласовите на публиката го освои првото место.

По победата тој се врати во Македонија каде што имаше многу настапи и музички ангажмани.

Исто така ја издаде и својата прва песна „Добро јутро тајно“.

Неодамна, Ристе се пресели во Белград каде што ќе ја гради и својата кариера.

Во едно интервју тој истакна дека работи на својата нова студиска песна и дека спотот го снима во Белград, а ќе биде објавен на „Денот на вљубените“.

Покрај тоа што работи на својата нова песна, Ристески гостува и телевизии, емисии…но и по реални шоуа.

И овој пат од „Гранд“, гостуваше на „конкурентската“ телевизија „Пинк“.

Така, охриѓанецот сношти влезе како специјален гостин на забавата во „Задруга“, а друштво му правеше неговата колешка Милена Чераниќ која веќе има искуство со реалани шоуа.

Ристе на „Инстаграм стори“ сподели неколку фотографии пред забавата и се пофали за гостувањето во „Задруга“.

foto: printscreen/instagram

Во видеото во продолжение може да го погледнете и негиовт настап.

Дали Ристе ќе добие понуда и ќе влезе во „Задруга“, останува да видиме.

 

 

To top