Познато е дека Жељко Јоксимовиќ во 1995 година се оженил со Весна Аврамовиќ, долгогодишната девојка на пејачот од родното Ваљево, со која истата година ја добиле ќерката Мина. Тогаш пејачот, кој на крајот ќе стане еден од најпознатите музичари во земјава, имал само 23 години, како и неговата избраничка.
Младиот пар не издржал долго во брачната заедница. Како растела популарноста на пејачот, така растеле и недоразбирањата, па тие се развеле, но поради детето останале во коректни односи, а нивната ќерка – единица и понатаму истакнува дека додека растела ја имала поддршката и од двајцата родители.
Иако нејзиниот татко и мајка не успеаја да го спасат бракот, Мина Јоксимовиќ има светол пример во своето семејство со кој може да се гордее и да се угледа, што сега и самата го посочи.
„50 години брак, баба и дедо“, напиша таа покрај фотографијата што ја објави на „Инстаграм“, на која се родителите на нејзината мајка Весна, која, инаку, по професија е психолог.
Фото: Инстаграм принтскрин/minajokssimovic