Радио Милева голема трагедија...

Младиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“, Немања Вуковиќ загина во бизарна сообраќајна несреќа

Младиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“, Немања Вуковиќ загина во бизарна сообраќајна несреќа

Пејачот во „Ѕвездите на Гранд“, 22-годишниот Немања Вуковиќ вчеравечер, 06-ти март 2023 година  загина во сообраќајка на автопатот од Шид кон Белград. Медиумите пренесоа дека со автомобилот излетал од патот и удрил во заштитна ограда.

По ударот излегол од автомобилот и почнал да оди по патот. На него налетал автобус кој се движел во правец кон Бања Лука.

Откако удрил во заштитната ограда и излегол од автомобилот, очевидец му пришол и го прашал дали е добро, тој рекол дека е добар и почнал да трча, сакајќи да го премина автопатот. Потоа, според извори на српските медиуми, бил прегазен од автобусот кој налетал на несреќното момче.

„Непосредно пред несреќата, Немања доживеал незгода кога со автомобилот излетал од патот и удрил во заштитна ограда. Потоа, наводно излегол и се обидел да го премине патот и да дојде на лентата за спротивен правец, односно од Шид кон Белград“ – ги потврдил деталите извор запознат со истрагата, за српските медиуми.

Фото: Инстаграм принтскрин/nemanjavukovicc

To top