Младиот компир е едно од јадењата што сите го обожаваат, без разлика како биле подготвени. Наместо класично печење во рерна, пробајте го овој кулинарски совет од кујната на баба.
Потребно е:
500 гр млад компир
2 лажици кајмак
сол, бибер, масло
рузмарин, листови магдонос
Подготовка:
Излупете ги компирите, посолете ги и побиберете ги. Додадете сецкан рузмарин и масло малку. Пржете на масло прво на тивок оган, а потоа печете додека убаво заруменат.
Кајмакот истопете го (може да се исецка и лук по желба), па се прелива со компирот. На крај зачинете со сецкан магдонос.
Се служи топло.
извор:попара.мк