Поранешната водителка и позната трендсетерка Мелита Ракичевиќ непрестано потенцира дека неизмерно е горда на својата ќерка Барбара. Не само заради убавината, туку и заради талентот за пеење и оној водителскиот, со кој малечката убавица тргна по стапките на својата мајка со цел да ја наследи во нејзината некогашна професија.
View this post on Instagram
Мајчинската љубов е толку голема, што Мелита неодамна под своето рамо го истетовира името на Барбара.
Летото е во полн ек, што се вели „поуштено на најјако“, па летните одмори најчесто покрај вода, на езеро или море, се омилените дестинации како на сите нас, така и на двете убавици. Со тоа што ова лето Мелита и Барбара летуваат одвоено.
@melita_mel7♬ original sound – Melita
Барбара во Италија, каде што ги впива убавините на Јадранот, во едно од најубавите и најмонденски летувалишта, надалеку познатото Капри, но и на уште неколку преубави места долж италијанското крајбрежје.
View this post on Instagram
Она што е повеќе од евидентно е убавината на младата ќерка на Мелита, која како расте станува се’ поубава и поубава… За тоа сведочат и фотографиите кои младата Барбара ги споделува на својот профил на Инстаграм.
View this post on Instagram
Имено, наследничката на Мелита уживаше и на едно од најубавите места во светот, популарното селце Позитано на Амалфи во Италија, од каде сподели неколу фотографии.
Како сирена на преубавиот песочен брег, Барбара во прошетка на зајдисонце позира во бикини, со голема сламена шапка и бела провидна наметка, аутфит кој само ја истакнува нејзината телесна форма на која може да подзавидат многу девојки.
View this post on Instagram
Младешка убавина среде bella Italia… Неодоливата ќерка на Мелита, младата шармантна убавица Барбара, по која веќе копнеат многу момчиња.
Фото: Инстаграм принтскрин/barbara_rakicevic/melitameli