Младенци во Италија се досетиле како да ја организарата прославата на својата венчавка и покрај строгите мерки за собири во услови на пандемијата и нивната свеченост стана првата свадба во земјата во формат drive-in со повеќе од сто гости, пренесува дневниот весник La Repubblica.
Двајцата млади од градот Асоло во северната провинција Тревизо, смислиле како да не ги прекршат рестриктивните мерки во услови на пандемијата на коронавирусот за масовни собирања и истовремено сепак да ја одржат својата свадбена прослава на којашто поканиле 130 гости.
Младенците успеале да се договорат со локалното алпинистичко здружение да го изнајмат неговиот голем паркинг во форма на полутопка со места за 56 автомобили на гостите и ангажирале десетина келнери.
Како што се забележува во прилогот на весникот, и венчавката во црква не ги нарушила прописите имајќи го предвид нејзиниот максимален капацитет од 180 лица. По церемонијата гостите седнале во своите автомобили и се упатиле кон местот на одржување на прославата.
Таму ги чекале закуски, чаши со вино и безалкохолни пијалаци, кои на послужавници ги носеле келнери од автомобил до автомобил. За младоженците била подигната мала тенда во центарот на паркингот.
„Се плашевме дека нема да успееме, но на крајот забавата мина многу добро“, ги цитира весникот младенците.
извор: нетпрес