Радио Милева
Наместо да се радува, таа е во кома

Младата инфлуенсерка роди син, па поради компликации од коронавирус падна во кома (фото)

Младата инфлуенсерка роди син, па поради компликации од коронавирус падна во кома (фото)
фото:инсатграм

Младата sвезда на социјалните мрежи, Грејс Виктори (30) падна во кома поради коронавирусот, само еден ден откако роди син.

Грејси е популарен инфлуенсер во Велика Британија, за кого ова е прва бременост и во која е заразена со корона. Симптомите на почетокот биле лесни, но потоа нејзиното општо здравје започна нагло да се влошува.

Лекарите затоа одлучија дека бебето треба да се роди порано. Иако датумот на породување беше во февруари, тие извршија индуцирано раѓање на 25-ти декември. За среќа, бебето се роди целосно здраво, но Грејс мораше да биде ставена на интензивна нега поради проблеми со дишењето.
Грејс Виктори е во индуцирана кома и лекарите ја следат нејзината состојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grace 🌱 she/her (@gracefvictory)

Нејзиното семејство се огласи на нејзиниот Инстаграм:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grace 🌱 she/her (@gracefvictory)

“Како што сите знаете, Грејс се породи на Божиќ и има прекрасно здраво машко бебе. Грејс се бори со компликации од коронавирусот. Иако симптомите на почетокот беа благи, тие се влошија со текот на времето, што значеше дека бебето треба да се роди што е можно побрзо, бидејќи Грејс немаше сила да ја понесе целата бременост. Грејс беше примена на интензивна нега на Божиќ и беше одлучено да се стави во кома за да и се даде шанса на телото да се одмори. Во моментов е стабилна, но ве молиме молете се за неа дека ќе излезе од ова посилна од кога и да е. Таа ја посвети својата кариера на лекување луѓе, сега ве замолуваме да се молите за нејзиното заздравување “, рече семејството на инфлуенсерката.

Останати вести од Радио Милева