Живот и Стил

Митови за болката: Во што не треба да се верува?

Митови за болката: Во што не треба да се верува?

Упорно кружат неколку митови во кои повеќето луѓе веруваат, но кога треба да се справите со болката подобро е да ја знаете вистината. Еве дел од нив..

Ќе станете зависни од аналгетиците
Да и не. Ако земате лекарства против болка кога не чувствувате никаква болка, особено ако се работи за лекови базирани на опијати, како трамадол и морфиум, тогаш, да, лесно ќе развиете зависност. Но, кога чувствувате болка и земате вакви лекови, нема да станете зависни од нив бидејќи токму поради болката вашето тело различно реагира на внесените супстанци.

 Некои луѓе се вистински плачковци
Не. Сите различно ја чувствуваме и искажуваме болката, а тоа ни најмалку не значи дека оние кои се жалат поради нешто што вие лесно би го издржале се „мекуши“. Низа истражувања покажаа дека сите луѓе имаат различнен праг на толерирање болка, што не е поврзано со возраста, полот.

Подобро е да издржите без апчиња
Акутната болка, како забоболката, ќе ве направи раздразливи и нерасположени, нема да може да заспиете и ќе се одложи процесот на заздравување. Нема причина да издржувате без лекарства, секако следејќи ги упатствата и внимавајќи на контраиндикациите.ежината, ниту пак со она што ја предизвикува болката.

Ако често земате апчиња против болка, веќе нема да имаат ефект
Ако многу често земате лекарства базирани на морфиум, по одреден период организмот развива толеранција кон нив. Но, со било кои други лекови против болка не доаѓа до таква појава.

 

To top