Витаминот Д се смета за помошник во борбата со многу болести, но дали тој навистина е толку корисен? Ова се некои митови и факти поврзани со овој витамин што треба да ги знаете.
Мит: Клинички испитувања докажале дека го намалува ризикот за појава на рак
Неодамнешните истражувања покажуваат дека постои врска помеѓу недостатокот од витаминот Д и некои болести, меѓу кои прекумерна дебелина, срцеви болести, мултиплекс склероза, одредени видови рак и депресија. Сепак, не постои клиничко испитување кое директно ги поврзува витаминот Д и која било болест освен остеопорозата. Досегашните докази што ги имаме се основани само на епидемиолошки докази.
Мит: Телото самото создава доволно витамин Д
Вистината е дека со изложеност на сонцето создаваме значаен дел од витаминот Д што ни е потребен. Кожата создава витамин Д кога е изложена на УВБ зраци. Но, луѓето кои живеат на места каде што нема доволно сонце имаат пониски нивоа на витамин Д во крвта.
Мит: Не ви требаат додатоци во исхраната доколку поминувате повеќе време на сонце
Доколку постојано сте изложени на сонце, можеби не треба да внесувате витамин Д преку исхраната. Меѓутоа, тоа не е случајот кај повеќето од нас, па затоа е потребно и консумирање производи кои го содржат витаминот.
Мит: Не може да знаете колку витамин Д ви недостасува
Нивото на витамин Д во вашата крв ви кажува дали треба да внесувате повеќе од него, а вашиот доктор може да ви помогне со тоа.
Мит: Не треба да земате над 200 МЕ витамин Д дневно како додаток во исхраната
Всушност, се препорачува дневно консумирање на 600 МЕ (Меѓународни единици) витамин Д за луѓето до 70-годишна возраст и до 800 МЕ за луѓето постари од 71 година. Некои здравствени установи препорачуваат и дневно внесување до 1.000 МЕ за возрасни до 50 години.
извор:кафепауза.мк