По 37 години откако Драгана Мирковиќ е на сцената, не се појави ниту една фотографија на која позира во костим за капење, што, е прилично необична појава кај една дама од естрадата.
Драгана откри зошто е тоа така и конечно ја реши мистеријата:
– Никој никогаш немал моја слика во костим за капење. Кога ме викаа да се сликам, јас секогаш одбивав. Јаа не сум модел и како пејачка мислам дека не треба да се сликам во костим за капење. Мене искрено тоа ми е непријатно – изјавила Драгана за емисијата Ексклузив и ги шокираше сите со својата упорност и непоколеблив однос.
Драгана Мирковиќ, иако живее живот како во бајка, никогаш не се расфрлала со пари, а во таков дух ги воспитувала и своите деца.
Освен што се занимава со јавна работа, таа успеа да ја зачува приватноста на своето семејство, така што до ден денес речиси ретко кој знае како изгледаат нејзините деца, иако интересот на јавноста за нејзините деца Марк и Мануела не стивнува.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/dragana_mirkovic