Промотер

Мирослав Мирчески ја визуелизираше со етно-спот песната од Пиринскиот дел на Македонија – „Сегде си одел синко” (ВИДЕО)

Мирослав Мирчески ја визуелизираше со етно-спот песната од Пиринскиот дел на Македонија –  „Сегде си одел синко” (ВИДЕО)

Мирослав Мирчески го промовираше видео записот за песната „Сегде си одел синко” која што потекнува од Пиринскиот дел на Македонија. Видеото се снимаше во прекрасниот манастирски комплекс на Св. Недела во село Оровник, Охрид.

Покрај Мирослав, во етно-видеоспот се појавуваат и неколку статисти кои одлично си ја одиграа нивната улога.

Искрено јас сум презадоволен од крајниот резултат, дури испадна и многу подобро од тоа што очекував. Целата замисла околу приказната беше моја, се помина во најдобар ред, екипата на ИН Продукција се погрижи да ми ги исполни моите желби и замисли за да испадне тој етно спот. 

Мислам дека песната ќе биде добро прифатена. Да бидеме реални ние многу се потрудивме да изгледа максимално професионално. Мислам дека песната ќе биде добро прифатена и дека гледачите ќе уживаат како во песната, така  и во нејзиниот видео запис -истакна Мирчески во неодамнешното интервјуто за ИН ТВ.

Во продолжение погледнете го видеото за „Сегде си одел синко”:

Извор: Естрада+

To top