Радио Милева простран дом

Mинимализам и елеганција: Станот на Вики Миљковиќ во срцето на Белград е луксузно катче по нејзин вкус (фото)

Mинимализам и елеганција: Станот на Вики Миљковиќ во срцето на Белград е луксузно катче по нејзин вкус  (фото)

Популарната фолк пејачка Виолета Вики Миљковиќ со години е во хармоничен брак со Драган Ташковиќ Ташкет со кој води мирен семеен живот.

Сопружниците, инаку, родителите на момчето Андреј, долго време живееле на Бежанијска коса, каде имале раскошна вила, но пред неколку години решиле да се преселат во центарот на градот.

Тие меѓу првите купија стан во Белград на вода, луксузен комплекс на брегот на Сава, во самото срце на Белград, а пејачката се потрудила да ја прилагоди внатрешноста на нивните потреби и да ја претвори во мала семејна оаза.

Вики е позната по тоа што не споделува многу детали за својата приватност со јавноста, па тоа не го прави ниту на социјалните мрежи. Затоа нејзините следбеници немаа можност често да ѕирнат во нејзиниот дом, но пејачката пред неколку години откри како го уредила својот стан.

 

Како што Вики покажа на Инстаграм, нејзиниот дом е многу простран и уреден со вкус, а таа се одлучи за минималистички стил. Затоа, во нејзиниот стан нема премногу детали, а забележлив е и црно-белиот контраст: додека ѕидовите се светли, столаријата е во црна боја, исто како и квалитетните драперии.

Пејачката потоа покажа како го уредила станот за пречек на гостите, па видовме долга трпезариска маса, бели столчиња со едноставен дизајн и неколку украси.

Како што пишуваа медиумите кога Вики првпат го купила овој стан, на терасата поставила џакузи, а пишувало и дека одвоила дури 1.500.000 евра за вкупно три недвижнини во Белград на вода, од кои два изнајмува.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Немања Николиќ/Ата Имаџес

To top