Радио Милева самоуверена

Мини тексас и маичка над папокот: Антониа Гиговска шокира со изгледот по породувањето (фото)

Мини тексас и маичка над папокот: Антониа Гиговска шокира со изгледот по породувањето (фото)

Младата пејачка Антониа Гиговска се породи пред месец дена и веќе е задоволна од својот изглед.

Имено, Антониа го искористи убавото и топло време ја вклучи камерата од нејзиниот телефон и гордо позираше пред ресторан.

Кадарот од нејзините облини ги остави следбениците на социјалните мрежи без здив бидејќи тукушто породената мама Антониа покажа дека успеала да се стегне.

Белата маичка намерно соберена над папокот со цел да го истакне стомакот и мини тексас сукњата беа изборот на пејачката во кои самоуверено се фотографираше.

Гиговска вниманието кон себе во никој случај не го занемарува па, затоа тазе породена веднаш замина во салонот за педикир на средување нокти, во истиот стајлинг.

Како тазе мајка времето на Антониа е ограничено, но негата на телото во никој случај не го занемарува бидејќи така задоволството е поголемо.

Антониа со цел да ги мотивира и другите жени со овој пример покажа дека за сѐ има доволно време особено кога станува збор за  изгледот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска

 

To top