Лице в Лице Посебни моменти и емоции

Мими и Филип Нуневски: „Имавме најубава свадба оти јас ѝ свирев, а таа пееше“ (видео)

Мими и Филип Нуневски: „Имавме најубава свадба оти јас ѝ свирев, а таа пееше“ (видео)

Мими и Филип Нуневски минатата недела правеа свадба, за која наголемо се зборуваше, оти не само што беше весела, туку невестата пееше, а младоженецот свиреше. Јавноста ги запозна Мими како ѕвезда на Гранд, а Филип пак е трубач на познатите „Нуне брадрас“. Сè уште под емоции од свадбената веселба велат: „Тоа беше посебен момент. Мими од една страна со микрофонот, јас со трубата од другата страна. Така ја почнавме свадбата, пеевме наша авторска песна. Беше прекрасно“.

Тие заедно живеат две години. Затоа и немало адети да се зема невестата од дома.

„Мими е од Велес, ама ние живееме заедно. Сакавме наједноставно за сите да направиме, оти на Мими родителите живеат во Шведска. Па така немаше земање невеста, таа си беше дома и си ги чекаше гостите. Сите се собравме фамилијарно и беше најубаво за сите. Интресно е што ние деновите пред свадба имавме настапи, па нашата беше само во редот на сите оние на кој настапуваме“, се шегуваат Мими и Филип.
Мими публиката ја запозна по настапите во Гранд. Немаше настап а да не го фрли на нозе жирито, особено кога пееше песна од Уснија Реџепова.

„Мајка ми ме пријави на Гранд. Тоа шоу секако дека ми ги отвори вратите. Искрена да бидам, сите ги ценам, но од Марија Шерифовиќ најмногу ми значеа поените“, вели Мими за „Репортер“.

Филип потекнува од музичко семејство. Од мал свири труба, заради која денес е дел од бендот “Нуне брадрас“. Дома им било секогаш весело, оти по цел ден се свирело на труба, вклучувајќи го и наивниот татко кој е музичар. Нуне брадарс свиреа со оркестарот на Есма, а и последните песни пред да почине ги сними со нив.

„Есма беше жена која секаде ја ценеа во светот, само тука за жал не“, вели Нуне.

За почетоците со музиката и зошто трубата е најтежок дувачки инструмент, дознавме низ разговорот. За љубовта на Мими и Филип, популарноста во Гранд, дружбата со Есма, колку во бракот си ги откриваат маните, и како е да се пее со жена колешка, гледајте го интервјуто.

фото:Принтскрин Јутјуб

To top