Актерката Јелисавета Орашанин и кошаркарот Милош Теодосиќ станаа родители. Јелисавета се породи во Лос Анџелес утрово, 13 февруари 2019 година и донесе на свет здраво девојче.
Родителите биле пресреќни, а за време на породувањето сè одело како што треба и породувањето минало добро.
Актерката и кошаркарот не сакале да го “рекламираат“ настанот на социјални мрежи, но сестрата на Јелисвета на Инстаграм објавила фотографија со балони што го испишуваат името Петра, по што следеле честитки од пријателите и роднините – објави српски Курир.
Инаку, името Петра значи жена силна како карпа, одлучна, цврста и непоколеблива.
Јелисавета и Теодосиќ живеат во Лос Анџелес уште од 2017 година. Иако српскиот кошаркар доби исписница од Л.А. Клиперс, тој не размислувал за други клубови токму поради бременоста на Јелисавета. Прво сакал да се случи раѓањето на бебето и се да оди добро, а потоа ќе да размислува за нов клуб.
Фото: Марина Лопичиќ