Водителот Огњен Амиџиќ во студио ја угости пејачката Милица Павловиќ, која прво шокираше со својот нов изглед, а потоа одговараше на жешки прашања во рубриката „Петарда“.
Наведете три колешки за кои сте сигурни дека не ви мислат добро – го прочитала прашањето Тијана.
– Многу грд концепт е некој да ми посака зло, сакам да верувам дека нема таков. Се надевам дека сите мислат добро за мене – изјави Милица.
Подреди ги следните колешки од најмалку убави до оние кои најмногу ви се допаѓаат: Снежана Ѓуришиќ, Весна Ѓогани, Катарина Грујиќ и Ана Николиќ – читаше Тијана.
– Снежана Ѓуришиќ, Ана Николиќ, Весна, па Каќа – изјави Павловиќ.
Наведете ги најодвратните трачеви што сте ги слушнале за себе сиве овие години – го прочитала прашањето Тијана.
– Секое озборување ме погодува, секое озборување ме боли затоа што не е вистина. Неколку пати тужев некои медиуми затоа што преминаа граница, имаше текст дека сум во врска со оженет маж кој има три деца – изјави Милица.
Дали некогаш сте биле со личност од ист пол – го прочитала прашањето Тијана. Во емотивна не. Можеби еднаш имало блиц бакнеж – изјавила пејачката.
Кој од вашите машки колеги најмногу ве разочарал?
– Некој кого го сметав за мој колега и пријател, а тоа е Аца Лукас – изјави Милица.
Фото: Принтскрин/TV pink