Промотер

Милан Коса – „Тука тогаш, тука сега“ (ВИДЕО)

Милан Коса – „Тука тогаш, тука сега“ (ВИДЕО)

По пауза од неколку години, тетовскиот музичар и автор Милан Миланов, познат и како Милан – Коса деновиве ја претстави својата нова песна насловена „Тука тогаш, тука сега“. Како и секогаш, тој се потпишува и како автор на стиховите, а за музиката и аранжманот ги здружи силите со неговиот долгогодишен пријател, колега и сограѓанин Лазар Цветкоски.

За македонската публика Милан е познат и како автор на бројни хитови отпеани од Лозано (Сонце не ме грее), Димитар Андоновски, Дарко Илиевски и многу други, но и како член на составот „Офсајд“, а богатото творештво го овековечи и во документарецот „Коса“, објавен во 2015.

Последното што го објави како изведувач беше одличната „Јас не сум како ти“, исто така во 2015 година, а како звучи најновото од Милан Коса, спакувано со симпатично текстуално видео, дознајте во продолжение.

To top