Мијата има нова песна насловена „Добра ноќ, добар ден“ за која има и видео запис направен од нејзиниот концерт кој неодамна го направи во Куршумли – Ан во рамките на прoграмата на Скопско Лето.
Песната се наоѓа на новиот албум на Мијата, насловен „Вида“.
„Официјалниот видео запис ја визуелизира атмосферата од концертот кој се одржа на 28ми јуни, а всушност беше концертна промоција на албумот“, изјави Мијата.
Музиката е на Мијата и Елизабет Паул, текстот на Мијата, аранжманот, клавијатурата и микссот се на Ангел Ќосев. Придружни вокали се Мартина Нанеска, Елена Васова, Дино Хриџиќ, Стефан Манасиевиќ, Бранко Илиевски и Зоран Тортевски. Режијата и монтажата се на Љупчо Трајковски.
Мијата неодамна ја отвори и сезоната на музичко вечерно матине кое традиционално се одржува во Скопје Сити Мол, каде изведе авторски и кавер нумери од својот репертоар, а настапи со акустичен состав придружувана од Кире Мирчовски на гитара и Иво Митковски на бас гитара.