Миа Перевска ja одржа промоцијатa на видео-спотот за песната „Follow“. Промоцијата се случи во скопското кафуле „Котур“, а спотот беше проектиран на филмско платно.
Младата музичка артистка е комплетен автор на песната, каја патем е и мулти-инструменталист со оглед на тоа што сите инструменти во својата музика ги свири сама, а се потпишува и како автор на текстот кој ја раскажува музичката приказна. Со оглед на тоа што Миа студира музичка продукција, таа е одговорна и за миксот на песната и тоа во придружба на нејзиниот татко Никола Перевски – Пере, додека пак мастерингот го оформил Дарко Димитров.
Ненаметливо, но со јасна визија, Миа на публиката и претстави авангарден проект, полн музика, но исклучително заводлив и слушлив. Музиката во слика ја преточи Јован Куцин визуелизирајќи ја ви видеоспотот за „Follow“.
Со своето последно музичко парче Миа како млад човек на фронтот на македонската музичка авангарда испрати порака во знак на автентичноста, природноста и емоцијата како водечки принципи на патот на еден уметник.
Песната „Follow“, како и спотот за истата е достапна на дигиталните платформи, а веќе престојниот викенд, на 4-ти февруари, Миа ќе настапи на годинешниот фестивал „Земјотрес“ кој традиционално ќе се одржи во МКЦ со почеток во 19 часот.
Инаку Миа е дете на познати родители, македонски јавни личности, зашто Михаела или Миа, како што ја викаат, е најстарата ќерка на Никола Перевски – Пере од групата „Нокаут“ , која ја има од својот прв брак со ТВ новинарката на МРТВ, Александра Спировска.
Таа е придружен вокал во „Нокаут“, но исто така работи и на соло проекти, кои се поврзани со музиката, а и самата настапува забаваувајќи ги гостите со своите поп-рок сетови по најпознатите скопски локали, а новата песна „Follow“ и видеото за неа се дел од нејзините авторски остварувања…