Некогашната водителка Миа Костова е активна на социјалните мрежи, па освен тоа што како инфлуенсерка редовно промовира одредени брендови, козметички производи, таа често разговара и со своите следбеници на „Инстаграм“ разговара за одредени интересни, значајни теми.
Така, неодамна Миа се вклучи во живо заедно со една докторка – гинеколог и разговараа за аборутусот во првите месеци, а водителката тогаш откри дека и таа имала абортус.
Нејзините следбеници често ја прашуваат за разни совети, како за убавина така и за емоционален развој, самодоверба, а водителката секогаш е тука да го сподели своето искуство, да им упати добар совет.
Деновиве, Миа имаше убав повод за славење, односно роденденот на нејзиниот син единец. По овој повод, водителката објави емотивна порака за својот единец.
„Ти си моја причина за живот, мој најверен другар, моја најдобра животна одлука. Мама ти сака пуно здравје и да си до мене засекогаш. Биди умен и биди си ти, мама се’ може не се може ќе поправи или ќе купи. Среќен роденден, единец мој“, напиша гордата мајка во описот на „Инстаграм стори“.

Костова истакна дека оставарила и уште една роденденска желба, односно Андрија доби торта – пица на која дуваше и свеќички.


Честитки пристигнуваа од сите страни, а водителката ги сподели во кусите приказни на Инстаграм. Да е жив и здрав!