Радио Милева дијагноза?

Миа Костова распали по владата, министерот за образование и образовниот систем: „Вие веќе не сте злобни и себични, вие сте умоболни“ (ФОТО)

Миа Костова распали по владата, министерот за образование и образовниот систем:  „Вие веќе не сте злобни и себични, вие сте умоболни“ (ФОТО)

Откако летово ги пропатува саканите дестинации и имаше продолжен одмор од соништата, една од највлијателните македонски инфлуенсерки, доскорешната ТВ водителка Миа Костова се врати дома.

Септември наближува, па време е за на училиште… Нејзиното синче Андрија годинава треба да тргне во 6-то одделение. Арно ама, како што е веќе на власта и „килавата влада“ им стана навика, учебници и годинава токму за основците од шесто се’ уште нема и до почетокот на училишната година нема ни да има. Божем ветија дека годинава ќе бидат испечатени на време, дека нема да има проблеми, ама… Нивното ветување само за „луди и наивни“ е  радување, па така и годинава се’ што кажаа – излажаа! Демек учебници ќе има, ама малку подоцна!? Така велеа и лани, па учебниците на учениците им стигнаа во јуни, непосредно пред да се распуштат?!

Револтирана од најновата „измама“ на надлежниот министер и неговата свита, Миа Костова, како што ја дал Бог „без влакна на јазикот“,  буквално „распали“ и по него и по министерството за образование и по цела влада. И со право, зашто децата во континует останаа осакатени заради нечија неспособност, инертност, незнаење, штетни предавнички политики, бизнис интереси… Или сето тоа заедно!?

Само што овој пат Миа Костова ваквото нивно однесување не го препиша само на погоре споменатото, па дури ниту на нивните карактери и карактерни особини, туку на нешто многу пострашно… На дијагноза!

„Андрија од септември ќе биде 6-то. Без книги. Одделение од кое на дете треба да му се направи сериозна навика за учење и совладување на материјал тековно од ден во ден. Две години беше онлајн, лани имаа една книга по сите предмети, годинава ни тоа. Дали има некој со здрав разум воопшто кој ќе одговара за овие деца кои за 6 години во образование немаат никаква престава за тоа што е всушност школо? Вие веќе не сте злобни и себични. Вие сте умноболни“ – споделила русокосата во својот Фејсбук статус прозивајќи ги политичките „пациенти“ кои во континуитет ни ги „сакатат“ децата за наши пари!

Фото: Фејсбук и Инстаграм/miandrija

To top