На 27-ми септември во една приватна скопска клиника со своето прво дете се породи поранешната Бинго девојка Натали Грубовиќ, која на свет донесе девојче.
Убавата вест инстантно ги преплави домашните медиуми, иако претходно Натали ги избегнуваше медиумите, па ретко кој знаеше дека е бремена, а веста за тоа дека стана мајка сите ја дочекаа како изненадување.
Поранешната водителка и манекенка остана мистична и по породување, но речи си еден месец подоцна реши да проговори за тоа кое име го доби нејзината ќеркичка, како и тоа дека и сама била изненадена од одлуката на нејзиниот сопруг, бизинсменот Дрен Глушац, кој го имал последниот збор како ќе се вика малечката.
Уште кога дознавме дека чекаме ќерка, мојот сопруг без двоумење ми рече како сака да и го дадеме името Натали. Мене идејата првин ми звучеше малку необично, бидејќи и покрај тоа што моето име е Наталија, во јавноста сум позната како Натали, па предложив друго име. Но штом прв пат ја видов мојата ќеркичка, и во тек на првите ден, два, додека се уште размислувавме за името, и самата го добив чувството дека таа е токму родена Натали, дека името е како создадено за неа, раскажува убавицата за „Фокус“.
Гордиот татко и сопруг сега ја има Наталија и Натали, но ќе мора да одлучи нешто да промени при именувањето кога малечката ќе научи како се вика.