Радио Милева кариерата пред сѐ

„Ми треба некој 24/7“: Рада Манојловиќ призна каде згрешила, па проговори и за мајчинството (фото) 

„Ми треба некој 24/7“:  Рада Манојловиќ призна каде згрешила, па проговори и за мајчинството (фото) 

Радмила Манојловиќ оваа година наполни 38 години па се отвори за мајчинството и емотивните врски, а откри и зошто не се омажила.

Рада призна дека моментално нема емотивен партнер, а причината за тоа е што секогаш сака некој кој секогаш ќе биде тука за неа:

– Да бев памететна, требаше да се одлучам за некој спортист. Но, бидејќи сум ментално болна, ми треба некој 24/7. Спортисти, карантини, не можам така. Јас сакам таа врска да биде доживотен  брак – изјавила пејачката. Иако често ја прашуваат кога ќе се омажи и ќе има деца, Манојловиќ сега искрено проговори за мајчинството и призна дека тоа ќе се случи ако и е судено:

– Во моментов не размислувам за тоа, иако помина долго време. Како што одминува времето, 38 години не се воопшто малку за една жена. Често сум во фазонот, штом не родив на 20 нема да можам со ова темпо и ќе треба да се исклучам една година за да бидам со детето. Сега поради некои мои одлуки морам да работам многу повеќе отколку да се одморам, но можеби тоа ќе се случи некогаш ако ми е судено, не знам… – истакнала пејачката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес

To top