Пред две години почина татко на популарната пејачка Елена Ристека. По една ипол година лекување, тој ја загуби битката со ракот.
И по две години болката и тагата не поминуваат, а пејачката се потсети на нејзиниот татко кој и беше најголема поддршка.
Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија заедно со нејзиниот татко, а во описот напиша:
Пред 2 години на овој ден, ми се смени животот доживотно. Се дели на пред и после тебе. Тој дел “пред” се викаше живот.
Веднаш следеа коментари со поддршка од нејзините пријатели, следебеници, но и нејзините колеги меѓу кои Тамара Тодевска и Панчо од ДНК.