Светлана Цеца Ражантовиќ важи за една од најуспешните пејачки во регионот, а на својот Инстаграм профил се потести на нејзините почетоци во 1987 година.
„Така започна се. Уште седум дена и ќе прославам 30 години кариера. Се сеќавам на последните денови во 1987 година, ми заѕвони телефонот, беше Мирко Кодиќ и го бараше мојот татко. Ми се отсекоа колената, знаев дека го бара поради мене. Го слушав разговорот, татко ми го праша кога треба да стигнеме во Белград? Цела ноќ не спиев од возбуда, а утредента тргнавме за Белград. Тоа утро, во студиото снимавме пробни снимки од песните на тогашните ѕвезди, како што се Лепа Брена, Весна Змијанац. Снимив неколку песни и комисијата на ПГП ги преслушуваше, напиша Цеца и додаде.
A post shared by C E C A (@craznatovic_official) on
„Никој не веруваше во мене и во моите музички способности бидејќи имав само 14 години. Бев дете. За два дена ми стигна порака дека имам право да снимам плоча. По месец дена влегов во студиот и ја снимиав песната „Цветак зановетак“, напиша Цеца.
Со оваа песна таа се прослави и со неа ја започна нејзината кариера, а по 30 години таа вели дека ништо не би менувала.