Помина еден месец откако почина хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ. Многу негови фанови се уште не може да го прифатат фактот дека повеќе го нема пејачот.
Сопругата, Весна Драгојевиќ за хрватските медиуми истакна дека и понатаму се однесува како Оливер да е жив.
„Не знам што да кажам. Еве, ние сме добро. Бевме подготвени на се, иако не секогаш можеш да бидеш подготвен на се. Човек се гаси. Нема опростувања, вели Весна за 24 вести и откри како Оливер ги поминувал деновите пред смртта.
„Се уште ми доаѓа да го поканам на вечера. Последните неколку дена не зборуваше, само спиеше. Беше оптимисит до самиот крај. По цел ден седев со него во болница. Му готвев и го хранев. Тоа е се што можевме да направиме. Му пуштавме песни кои сакаше да ги слуша. Се однесувавме како ништо да не се случува. Беше малку подобро, па малку полошо. Останевме без долгови и тој беше мирен бидејќи знаеше дека ние сме добро, изјави сопругата на починатиот пејач.
Оливер почина на 29 јули од рак на белите дробови.
фoто:Принтскрин