Овен
Работа – Ќе имате поволни можности да профитирате благодарение на вашето чувство за финансии и актуелни движења на општо економско поле. Ќе имате успех во работите поврзани со трговски енергетски ресурси и средства за производство. Ќе настапите љубезно кон клиентите и ќе имате добро чувство како да се поставите кон другата страна во преговорите, што ќе ви овозможи да склопите успешни договори. Ако се занимавате со проекти од областа на дизајнот, ќе можете добро да ги продадете вашите идеи. Последните денови од јуни ќе биде потребна напорна работа и приспособување за да ги надоместите губитоците и да го подобрите вашиот углед и нарушената позиција на работа.
Љубов – Ќе ја подобрите вашата комуникација со саканата личност и ќе бидете мотивирани да преземете иницијатива во заедничките активности. Последните денови од јуни односите со партнерот ќе бидат прилично нестабилни. Партнерот ќе ви ги открие тајните, а ако сте имале афера, ќе дојде до сериозни проблеми помеѓу вас двајцата и ќе дојде до замрзнување на односите. Потрудете се да ја подобрите ситуацијата. Слободните ќе доживеат кратка авантура што ќе заврши во јуни поради несогласувања.
Здравје – Променливо.
Бик
Работа – Почетокот на јуни ви носи почеток на нови преговори во врска со проект што планирате да го почнете наскоро. Ќе имате добро чувство за комуникација, за потребите на вашите соговорници и нивните расположенија. Врз основа на тоа ќе знаете како да го водите разговорот. Времето е поволно за планирање нешто ново во сферата на недвижности, угостителство, услуги, трговија со прехранбени производи или производи за домаќинство. Бидете внимателни во раководењето со финансиите на крајот од месецот.
Љубов – Првата половина на јуни ви носи потреба за подобрување на комуникациите со саканата личност. Ќе забележите дека сте се оддалечиле и дека помеѓу вас нема доволно динамика. Наместо зборови, важни ќе бидат делата. Овозможете му го на партнерот она што му е потребно од вас. Ќе ви биде тешко да најдете заеднички теми за разговор и решение. Тоа ќе доведе до заладување на односите што ќе трае подолг период.
Здравје – Релативно стабилно.
Близнаци
Работа – Ќе имате подобро чувство за раководење со пари и калкулирање на трошоците и потребите средства. Најмногу внимание посветете на пронаоѓање подобри и поефикасни начини за привлекување и заработување пари. Бидете внимателни ако се занимавате со приватни работи бидејќи ќе бидете склони кон пропусти што би можеле да ви донесат губиток. Некој од бизнис-партнерите ќе се обиде да ве изманипулира и да реализира поголема корист за себе.
Љубов – Почетокот на јуни ви носи поголема динамика и ве насочува кон наоѓање начини да ја освежите врската со партнерот. Потребно е да промените нешто во својот пристап кон саканата личност за подобро да се разберете. Другата половина од јуни ќе ви донесе несогласувања околу заедничките цели. Ќе ви недостигаат волја и средства за реализирање на она што сте го планирале. Партнерот ќе ве оптоварува со она што нема да можете да го прифатите, ниту да го разберете.
Здравје – Чувствително грло.
Рак
Работа – Ќе ги унапредите соработката и односите со бизнис-партнерите. Ве очекува успех во тимската работа и во јавните области. Ќе се приспособите на потребите на вашите клиенти и ќе реализирате добивки. Ќе ви недостигаат средства и пари за реализирање на она што претходно сте го планирале, што ќе ве принуди нешто да одложите и да ги поместите роковите. Другата половина од јуни ќе ви донесе нови проблеми во врска со финансиите.
Љубов – Почетокот на месецот ќе внесе повеќе страсти во вашата врска со саканата личност, што позитивно ќе влијае врз вашиот однос. Потребни ви се повеќе забави и излегувања, па ќе се потрудите партнерот да го заинтересирате и да ја внесете потребната динамика во вашата врска. Пронајдете доволно време и простор за интимни моменти со вашиот партнер.
Здравје – Чувствително и променливо во текот на јуни.
Лав
Работа – Ќе почнете разговори зад затворени врати што ќе се одвиваат отежнато бидејќи другата страна ќе има барања што нема да биде можно целосно да ги реализирате. Обрнете внимание на луѓето што се на повисока позиција, како директори на компании, со кои соработувате, бидејќи со нив ќе имате конфликт на интереси. Тоа би можело да ви донесе губиток.
Љубов – Во текот на месецот ќе запознаете личност што ќе ве привлече физички и со која за брзо време ќе влезете во авантура. Но, и двајцата сте личности што сакате да доминирате, па тоа ќе ви ги отежнува работите. Но, наместо да ја прекинете врската, вие ќе се заљубите и ќе влегувате во љубоморни расправии. Постарите лавови ќе почнат врска со личност што неодоливо ќе ги привлекува.
Здравје – Чувствителен желудник.
Девица
Работа – Јуни ви носи можности за основање нови партнерски односи. Ќе имате повеќе состаноци со актуелните соработници каде што ќе разговарате за подобрување на меѓусебната координација што пред разговорите долго време се одвива отежнато. Ќе излезат проблеми околу организацијата на заедничките работи. Ќе доживеете успех во професиите поврзани со убавина, дизајн, медиуми и во областите на комуникацијата.
Љубов – Во текот на јуни ќе имате прилично променливи и напнати односи со партнерот. Најмногу несогласувања ќе бидат во врска со заедничките цели, така што нема да можете да се договорите и секој од вас ќе инсистира на своите предлози. Ако сте слободни, ќе почувствувате силна привлечност кон личноста што ќе ја запознаете на една забава. Бидејќи долго време сте заљубени во некој друг, новото познанство ќе ви ги измеша чувствата.
Здравје – Потребна ви е поголема физичка активност и здрава и правилна исхрана.
Вага
Работа – Дел од заработката во текот на јуни ќе можете да ја вложите во еден проект што е во завршна фаза. Ќе успеете да го завршите порано отколку што сте планирале, што ќе ви донесе дополнителна добивка. Ќе почнете да планирате и да организирате нови проекти и да распоредувате работни задачи според приоритетите. Ќе барате начини да ги решите тешкотиите – неопходно е да бидете отворени за компромис.
Љубов – Почетокот на јуни ќе има подобрување на вашите односи со саканата личност, така што ќе се насочите кон подобрување на заедничкиот животен простор и ќе внесете повеќе интимни моменти во вашиот заеднички живот. Ќе се зголеми вашата страст. Повеќе внимание ќе им посветувате на членовите на вашето семејство. Ќе одите на заедничко патување.
Здравје – Ќе бидете подложни на алергиски реакции, па избегнувајте изложување на јако сонце и користете крем за сончање.
Скорпија
Работа – Ќе имате успех во јавните настапи и напредок во преговорите околу продолжувањето на една работа што ја работите со партнерите. Ќе ви се отвори можност за подобрување на односите со луѓето што можат да ви дадат поддршка во реализирањето на важните цели. Невработените скорпии ќе добијат можност за вработување во областите на прехранбената индустрија, градежништвото и просветата.
Љубов – Би ви одговарало да одите на излети во викендите бидејќи така може да бидете сами и да уживате во интимните моменти. Тоа ќе ви донесе стабилност. Неопходно е да си посветувате внимание еден на друг. За да ја ублажите напнатоста и да избегнете посериозни конфликти и расправии, бидете подготвени за пронаоѓање заеднички прифатливи можности. До крајот на месецот ќе успеете да се договорите.
Здравје – Внимавајте на физичката кондиција. Ќе бидете подложни на воспаленија.
Стрелец
Работа – Со надредените ќе имате несогласувања поради една работа што долго време нема да можете да ја решите. Може да се случи да ви биде блокирана сметката поради неисплатени долгови. Тоа ќе бара итни интервенции и брзи решенија. Ќе бидете под голем притисок. Невработените стрелци ќе имаат можности за нова работа во областите на сервисните услуги и поддршка на корисниците.
Љубов – Ќе ви биде тешко и во некои моменти невозможно да се усогласите со партнерот. Тоа ќе доведе до оддалечување и заладување на односите. Бидете подготвени на компромиси. Втората половина од јуни ќе треба да поправите многу работи во односот со партнерот за да се извлечете од проблемите. Треба сериозно да ги сфатите потребите на вашиот партнер.
Здравје – Стабилно.
Јарец
Работа – Ќе реализирате успех и напредок во областите поврзани со менаџментот, забавата, дизајнот и економијата. Вашиот креативен проект ќе наиде на добар прием, а притоа ќе ви донесе зголемена заработка. Ќе имате настапи што ќе бараат напор и работа, а ќе донесат помалку од очекуваното. Најмногу несогласувања ќе имате во односите со надредените. Ќе ви биде тешко да се приспособите на нивните барања и очекувања.
Љубов – Ќе имате несогласувања и разлики во ставовите и очекувањата со вашиот партнер. Тоа ќе доведе до оддалечување, а ако не се потрудите да најдете заедничко прифатливо решение, ризикувате да дојде до раскинување на врската. Искрените и отворени разговори ќе ви помогнат да ја ублажите напнатоста. Ако сте слободни, ќе запознаете некој на почетокот од јуни.
Здравје – Потребно ви е повеќе движење и доста одмор.
Водолија
Работа – Ќе ви се отвори нова можност за проширување на вашата понуда. Ве очекува напорна работа и пронаоѓање начини да ги реализирате вашите планови. Ќе наидете на финансиски проблеми бидејќи ќе бидете склони да инвестирате пари во области што ќе ви изгледаат профитабилни. Може да изгубите пари и преку соработка со разни друштвени институции и хуманитарни организации.
Љубов – Партнерот ќе биде незадоволен затоа што поминувате повеќе време надвор со пријателите. Тоа може да доведе до сериозни несогласувања. Избегнувајте неискреност и афери бидејќи може сериозно да ви го загрозат бракот. Бидете подготвени на компромис. Ако сте слободни, ќе ви одговара повеќе дружење и забава и многу време ќе поминете во дружба со блиски пријатели.
Здравје – Ќе бидете чувствителни на стрес.
Риби
Работа – Ќе ги подобрите соработничките односи и од тоа ќе профитирате. Ќе имате добро чувство како да го извлечете најдоброто од вашите соработници и луѓето што ќе учествуваат во заедничките проекти. Вашите планови на ова поле ќе се одвиваат отежнато бидејќи ќе ви недостига потребната поддршка, па ќе треба да се потпрете на сопствената интуиција многу повеќе отколку на разумот и логиката.
Љубов – Ќе бидете преоптоварени со обврските, а за да избегнете компликации во емотивната врска, ќе треба да најдете начин да бидете блиски со партнерот. Најдобро би било да отпатувате некаде заедно. Ако сте слободни, личноста во која сте заљубени избегнува да се изјасни за тоа дали ќе ви овозможи шанса за состанок. Ќе треба да закрепнете од разочарувањата и кон крајот на јуни ќе запознаете личност што ќе ве привлече и ќе ви покаже наклонетост.
Здравје – Чувствително и променливо.
извор: факултети.мк