Живот и Стил

Месечен хороскоп за април 2018

Месечен хороскоп за април 2018

Овен

Љубов – На повидок се заљубувања, но прво морате да завршите со некои личности од минатото, а првата недела од април е најдобра за тоа. Ако сте во врска, посветете се повеќе на партнерот, немојте да ја запоставувате љубовта поради работата или парите. Потребна ви е поголема стабилност овој месец. Дајте му го на партнерот она што му е потребно и тој ќе ви удоволи уште повеќе.

Работа 
– Важно е да ги поставите работите на свое место. Потрудете се да се насочите на нови почетоци, не враќајќи се кон минатото. Комуникативни сте, желни за работа, така што лесно ќе соработувате со другите. Би требало вашата енергија да ја насочувате на правилно место, да не се нервирате околу работи што не можете да ги промените. Во втората половина на месецот ќе имате повеќе елан, ќе се чувствувате подобро и работите ќе одат како што треба.

Здравје –
 Движете се што повеќе, можни се проблеми со грбот и колената.

Бик

Љубов – Би било паметно, ако сте зафатени, да не ја уништувате врската со некој непромислен потег. Немојте ништо да криете од партнерот. Ако имате проблеми, решете ги со разговор. Ако сте слободни, добра вест е дека Венера се наоѓа во вашиот знак, а тоа донесува доста стабилен однос. Страствени сте и желни за љубов.

Работа – Ако ви се укаже можност да се усовршите, искористете ја. Важно е да знаете дека конечно ќе се исплати досегашниот труд. Во првата половина на месецот можни се помали финансиски проблеми, но од половината на април работите ќе бидат како што треба. Секако, важно е и што помалку да трошите пари. Не им позајмувајте пари на другите. Ќе имате одлична соработка со помладите колеги.

Здравје 
– Можни се нервози.

Близнаци

Љубов – Ќе бидете напнати овој месец, особено втората половина на април. Меркур, вашиот владетел е ретрограден дотогаш, а и Јупитер, кој владее во вашите односи. Ова не е идеален период. Не се нервирајте, туку насочете се на некои позитивни работи во врската. Ако сте во врска, внимавајте да не се карате со партнерот, потрудете се да бидете дипломат. За оние слободните, втората половина на април постои можност вашиот живот да се врати некоја личност од минатото.

Работа – Во првата половина од месецот нема да бидете задоволни со работата. Некако работите ќе одат побавно од очекуваното. Во втората половина на месецот најдобро би било да воведете некоја новост во вашата досегашна работа. Повеќе мислете на себеси, помалку на другите. Соработката со другите не е баш најдобра некаде до 16 април, па избегнувајте ја. Пријателите се добри советници, но во втората половина на месецот.

Здравје – Ќе се чувствувате одлично.

Рак

Љубов – Потрудете се да не го запоставувате партнерот поради работата. Ако сте под стрес, врската не смее да трпи. Организирајте се подобро. Ако сте слободни, нема да бидете задоволни со ниту една нова личност, но тоа не треба да ве загрижува. Сега ви одговара да бидете сами. Важно е овој месец да ги одредите вашите приоритети и што сакате во љубовта.

Работа – 
Ве очекуваат нови работни можности. Не бидете мрзеливи и искористете ги. Преку партнерот или соработникот можете да дојдете до некоја нова работа, до некои нови шанси за напредување. Потрудете се да го дадете максимумот од себе и да напредувате. Сега е време за промени, но потпирајте се само на себе. Не очекувајте помош од другите.

Здравје – Ако научите како да се опуштите не треба да се грижите за вашето здравје.

Лав

Љубов – Обрнете внимание на личности што не се од вашето место. Можно е познанство и преку работа. Може да се случи да ѝ се вратите на некоја личност од минатото, а моментално тоа и не е лоша одлука. Ако сте во врска, одете на кратко патување со вашиот партнер.

Работа – Насочете се кон позитивните работи, посветете се на нови работни можности. Обидете се преку пријател да дојдете до ново работно место. Ќе имате помош од некоја млада женска личност на работа. Секако, на крајот од овој месец ќе бидете задоволни што и да направите, без разлика дали ќе направите промена или не.

Здравје – Одлично, но сепак обрнете внимание на исхраната.

Девица

Љубов – Љубовта ви оди како што треба и задоволни сте во врската. Конечно работите се стабилни и можете да се опуштите. Најдобро би било да се насочите на себеси, да го подобрите вашето расположение, па состојбата ќе се подобри. Слободните може да се гледаат со некоја личност со која одамна се знаат. Можна е авантура. Пробудете ја страста во вас.

Работа – Конечно сте задоволни на работа. Можни се зголемени трошоци и тоа е она што ве нервира. Ќе мора повеќе да штедите. Овој месец, особено во првата половина, не е добро да започнувате било што. Не се замарајте многу со детали, туку потрудете се да се фокусирате на работата.

Здравје – Од втората недела на април ќе бидете помалку напнати.

Вага

Љубов –
 Романтични сте и страстни. Имате желба за врска или авантура, ако сте слободни. Само ви е важно да се гледате со некој, да поминувате време со некој. Ако сте во врска, поработете на сексуалниот живот. Тоа ќе ви годи. Овој месец нема расправии, така што добро би било да уживате во убавите моменти.

Работа 
– Добро се чувствувате. Имате впечаток дека сите работи ви излегуваат во пресрет и тоа е точно. Од втората половина на април треба да се стабилизирате. Потрудете се да не се нервирате ако никој не ве разбира и не добивате резултати што сте ги очекувале. Можеби сите случувања ќе ви се чинат побавни, но имајте трпение.

Здравје 
– Можна е настинка.

Шкорпија

Љубов – Овој месец ќе бидете насочени кон врската, кон партнерот, а помалку кон работата. Организирајте се подобро за повеќе време да имате за љубов. Оние кои се слободни, може да запознаат некоја интересна личност преку работата. Не се двоумете да воспоставите контакт. Што и да започнете сега, ќе биде стабилно.

Работа – Што се однесува до работата, сите работи одат како што треба, но ве иритира тоа што премногу се трудите, а никогаш не е доволно. Потрудете се подобро да се организирате, да поразговарате со колегите за можните проблеми. Избегнувајте прекувремена работа. Овој месец е успешен за вас, но најдоброто доаѓа после првата половина на април.

Здравје – Можни се проблеми со грбот.

Стрелец 

Љубов – Потрудете се да се насочите кон партнерот. Овој месец, барем до половината на април, нема да ви биде идеално. Комуникацијата со партнерот може да биде лоша. Сакате да се забавувате, да воведете некои промени, за односот да биде поинтересен. Партнерот тоа упорно не сака да го направи. Имајте трпение. Слободните Стрелци ќе имаат можност да влезат во врска со личност што одамна ја знаат – размислете колку е тоа паметно.

Работа – Овој месец можни се проблеми во соработката со другите до втората половина од месецот. Потрудете се да се насочите на она што зависи само од вас. Женска млада личност може да ви биде од помош. Бидете љубезни, па дури и ако некој ве нервира. Можно е доцнење на некои исплати.

Здравје – Намалете ја количината на благо.

Јарец 

Љубов – Овој месец не треба да претерувате со барања во врската. Направете компромис со партнерот и испланирајте викенд што можете да го поминете заедно. Слободните, во последната недела од април може да запознаат некоја стабилна личност која ќе ви се допадне токму поради карактерот.

Работа – Доколку можете да се подготвите за работа или барем да работите од дома, тоа би било одлично. Организирајте се подобро. Најдобро би било да се фокусирате на започнатите задачи, да не претерувате со обврски и да ги поедноставите работите. Внимавајте на роковите.

Здравје – Можна главоболка поради стрес

Водолија

Љубов 
– Ако сте слободни, преку роднини или кратко патување, може да запознаете некоја забавна личност, која ќе биде директна. Ако сте зафатени, можете да одете на некое кратко патување со саканата личност. Важно е нешто да се случува и да не ви биде досадно. Не го запоставувајте вашиот социјален живот.

Работа – Насочете се на соработка со другите. Пријателите би можеле да ви бидат од  помош. Ако нешто не ви е јасно на работа, прашајте ги другите за совет или помош. Ќе бидете покомуникативни и подобро расположени од втората половина на месецот, па лесно ќе го реализирате она што одамна сте го планирале.

Здравје – Напнати сте. Повеќе грижете се за себе.

Риби

Љубов – Доста работи ќе се случуваат во вашиот живот. За оние зафатените, партнерот може повеќе да бара од вас, а можни се и расправии во првата половина на месецот. Доколку сте слободни, личност од минатото би можела да се врати во вашиот живот.

Работа – Најдобро би било да ја подобрите комуникацијата со соработниците. Иако работите ќе одат малку побавно од обично, не е тоа толку лошо. Барем ќе ги реализирате работите темелно. Би било добро да се фокусирате на нови луѓе и идеи. Исто така, не се двоумете да прашате за совет некој ваш пријател, би можел да ви биде од помош.

Здравје – Нервоза во текот на целиот месец.

извор:факултети.мк

To top