Живот и Стил

Мермерни нокти: Можете да го направите и сами во 5 едноставни чекори (видео)

Мермерни нокти: Можете да го направите и сами во 5 едноставни чекори (видео)

Еден од главните трендови во маникир оваа пролет и лето ќе биде големото враќање на минимализмот. Ноктите ќе изгледаат понежни и поприродни, а најголемиот предизвик ќе биде да ја пронајдете границата помеѓу впечатливо и ненаметливо.

Ноктите ќе бидат пократки, боите поодмерени, а текстурата ќе ја ставиме во преден план. Францускиот маникир со интересен пресврт ќе стане уште потренди, а нијансите ќе се движат од нежни до диви и авантуристички.

Иако нема конкретни трендови кога станува збор за маникирот, социјалните мрежи и списанијата секогаш вадат примери кои едноставно мораме да ги пробаме.

Еден од нив се мермерните нокти – еден од најбрзо прифатените маникир кој комбинира елеганција, разиграност и безвременски изглед.

Затоа експертите веруваат дека мермерните нокти ќе станат еден од најбараните дезени во салоните ширум светот, особено за време на свадбите и другите забави кои ќе ја одбележат оваа пролет.

Една од најголемите предности на мермерниот маникир е слободата на избор – од смели варијации до посуптилни, ова ќе биде одличен избор за ситуации во кои сакате да блеснете. Техниката е многу едноставна и можете сами да ги направите дома.

Во продолжение прочитајте како да направите мермерни нокти за неколку минути, а инспирацијата пронајдете ја во галеријата на почетокот на текстот.

@m_squared_nails Water marbling tutorial using @orlynails Sweet Retreat collection* *Received as PR but not paid/ obligated to post #sweetretreat #watermarblenailart #watermarblenails #watermarble #orlypr #tutorial #naturalnails ♬ Sunshine – WIRA

1. Подгответе ги ноктите. Добро избришете ги ноктите со ацетон за да создадете чиста основа за мермерната шема и нежно со турпија избрусете го горниот слој од ноктот.
2. Истурете вода во чаша. Водата не смее да биде премногу ладна за да не се стврдне лакот. Истурете неколку капки лак (можете да комбинирате бои) во водата.
3. Измешајте ги лаковите со чепкалка за да добиете мермерен изглед. Мора да бидете многу брзи за да не се исуши лакот.
4. Кога ќе го добиете саканиот примерок – време е да се натопи ноктот. Потопете го директно во лакот, под агол од 45 степени и брзо извадете го од водата.
5. Исчистете го прстот со ацетон, а на ноктите нанесете проѕирен заштитен лак. Исчистете го секој прст веднаш по завршувањето, не чистете ги сите 10 прсти на крајот.

извор:попара.мк

To top