Холивудската актерка Мерил Стрип може да се пофали со завидна кариера, но и исполнет приватен живот и брак што трае четириесет години.
Имено, Мерил е во брак со скулпторот Дон Гамер цели четириесет години и нивната љубовна приказна започна кога Мерил го загуби тогашното момче во 1978 година, кој почина од рак на белите дробови. Шест месеци по несреќниот настан, кога никој не верувал дека Мерил ќе се врати во нормала толку брзо, таа пронашла утеха во Дон Гамер, најдобриот пријател на нејзиниот брат.
Актерката имаше 29 години кога го снимаше „Крамер против Крамер“. За време на снимањето, таа остана во станот на Дон Гамер, а потоа го освои својот прв Оскар.
Само шест месеци по смртта на нејзиното момче, Мерил се омажи со Дон во дворот на куќата на нејзините родители во септември 1987 година.
Никој не веруваше дека нивниот брак ќе преживее, но тие успеаја. Дон е секогаш со Мерил за време на бројни настани на црвениот тепих, пишува „Стил“.
Мерил и Дон имаат четири деца: музичарот Хенри Волф (37), актерките Мејми (33) и Грејс (30), како и Луис Гамер (25).