Групата „Хурикејн“ следниот месец ќе ја претставува Србија на „Евровизија“ во Холандија, а членовите на групата, заедно со тимот со кој веќе подолго време соработуваат, се одлучија за големи промени во врска со презентацијата пред публиката на 20 мај.
Поради спотот за песната „Локо локо“, но и самата песна, тие добија голем број негативни коментари. Многу обложувалници не предвидуваат добар пласман на српските претставнички, а некои јавни личности како Гоца Тржан јавно изјавија дека не им се допаѓа она што го подготвиле за најголемото музичко натпреварување.
View this post on Instagram
Сега, славното трио откри дека целосно ќе ја сменат сликата од спотот за споменатата песна, но и дека сакаат да звучат подобро отколку на ланскиот национален натпревар.
– Вежбаме секој ден. Минатата година на „Беовизија“ можевме да звучиме подобро, реално. Оваа година, ќе бидеме многу, многу подготвени за „Евровизија“ следниот месец. Имаме тренинг за фитнес, работиме на издржливост. Трчаме и пееме! (смеа) – рекоа членките на групата „Хурикејн“, која ќе се претстави во второто полуфинале на „Евровизија“ под број девет.
– Многу ни е драго што ќе пееме пред публика, 3.500 луѓе, тоа е многу подобро отколку да немаме публика, како што мислевме дека може да биде. Сигурни сме дека ќе бидеме во финалето. Зошто не би биле? Секој треба да биде самоуверен ако оди на ваков натпревар – рекле девојките од бендот.
– Сè уште не знаеме точно кои бои ќе бидат костумите што ќе ги носиме, како точно ќе изгледаме, но можеме да откриеме дека нема да изгледаме како што изгледавме во видеото за „Локо Локо“, менуваме многу работи. Ќе биде луда работа, затоа што и ние сме луди! (смеа) – заклучија Сања, Ксенија и Ивана за „wiwibloggs“.