Менопаузата е нормален дел од стареењето на жената. Како што жената старее, настапува постепено намалување на функцијата на јајниците и лачењето естроген. Менопаузата, позната и како климактериум, го означува крајот на менструацијата, а со тоа и можноста жената да раѓа и да го проширува семејството. Оваа фаза, која најчесто се случува помеѓу 45-тата и 50-тата година од животот, се смета за една од најголемите промени, поради прекинот на плодноста и промената на нивото на хормоните. Во предменопаузaлниот период жените се соочуваат со симптоми кои негативно влијаат на целокупното здравје и промени во расположението и физичкиот изглед.
Иако секоја жена може да има различни симптоми, со различен интензитет и повторливост, периодот пред менопаузата секојдневно е исполнет со голем стрес и непријатности. За да се намалат симптомите и полесно да го поминете овој период, потребно е да пиете многу течности, да јадете храна богата со калциум, витамин Д и фитоестрогени, да избегнувате храна и пијалаци кои предизвикуваат топлотни бранови (алкохол, луто, зачинета храна и производи на база на кофеин) и секојдневно да вежбате. Најважно од сѐ е да консумирате суплементи на природна основа, во форма на таблети или чаеви, кои ги имаат сите состојки потребни за намалување на менопаузалните симптоми.
Фармацевтската компанија Интер-Еврогенекс во своето долгогодишно постоење е насочена кон создавање производи исклучиво од природно, растително потекло, кои ефикасно и без несакани дејства помагаат во лекување на болестите на современиот човек. Во нивната широка палета на производи спаѓаат и таблетите и чајот Varuklim®, направени од екстракт од 6 природни билки, кои имаат докажано дејство во борбата против менопаузалните сиптоми. Овие производи помагаат во:
·Намалување на ризикот од развој на остеопороза кај жените во менопауза;
·Ублажување разни менструални нарушувања;
·Намалување на напливите од топлотни бранови;
·Намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Дејството на таблетите Varuklim® се должи на присуството на изофлавоните – модулатори на нивото на естрогени хормони. Заради ваквото модулаторно дејство, изофлавоните се познати и како фитоестрогени.
Кога нивото на естрогени е ниско, рецепторските места може да бидат зафатени од фитоестрогените, со што се добива т.н. проестрогенски одговор. Кога нивото на естрогени е високо, фитоестрогените се натпреваруваат со естрогенот за зафаќање на дел од рецепторските места, со што го модулираат и дејството на превисокиот ендоген естроген.