Живот и Стил

Мени: Што треба да јадете за да ги заштитите своите очи?

Мени: Што треба да јадете за да ги заштитите своите очи?

Факт е дека храната може да помогне да ги заштитиме очите од различните болести и да го зачуваме видот. Тоа што е исто така е важно да се напомене, дека храната е еден дел од сложувалката за грижата за очите.

Освен правилната исхрана, има и одредени вежби за очите, потребен е и квалитетен сон, масажа.

Кога е храната во прашање ова е најдобриот избор

Моркови

Морковите се најпопуларната храна за здрави очи. Тие изобилуваат со витамин А кој е неопходен за здравјето на ретината. Крцкавите моркови во себе содржат антиоксиданси, бета-каротен, ликопен и лутеин и поради тоа го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација и катаракта (перде).

Лосос и сардини

Јадете почесто риба ако сакате да го зачувате добриот вид. Рибата е особено добра за очите бидејќи има богат извор на омега-3 масни киселини. Редовната консумација на омега-3 масните киселини ги заштитува малите крвни садови кои се наоѓаат во очите. Најдобро е да се консумира риба (лосос, харинга или сардина) барем 2 пати неделно.

Брокули

Не изненадува фактот дека брокулите се вбројуваат меѓу најчесто препорачуваните намирници за здрав вид. Тие се богат извор на антиоксиданси и витамини и со нив на најлесен начин се внесуваат толку многу хранливи материи со еден залак. Со консумирањето на брокули едновремено се внесуваат: витамин А, витамин Е и витамин Ц кои заедно се борат за зачувување на добриот вид.

Спанаќ

Ова зелено растение содржи каротеноиди како бета-каротен, лутеин и зеаксантин, а плус и витамин Ц и витамин Е. Спанаќот неспорно помага во заштитата од макуларна дегенерација и ноќно слепило.

Јајца

Витаминот А кој го има во јајцата го подобрува здравјето на ретината на окото. Освен тоа, јајцата содржат витамини од групата Б, есенцијални масни киселини и цинк. Затоа јајцата треба често да бидат во менито за појадок. Така се подобрува видот и се зачувува линијата.

Јагоди, боровинки, малинки

Овие слатки мали овошја се неверојатен извор на антиоксиданси за кои истражувањата покажале дека го намалуваат ризикот од појава на очни болести. Тие содржат многу витамин Ц и со тоа формираат идеална комбинација за одржување на здравјето на очите.

Бадеми, лешници, сончогледово семе

Тие се богати со витамин Е, кој помага при запирање во развој на катаракта и возрасна дегенерација на макулата.

Магдонос

Магдоносот е одличен природен тоник за чистење на очите. Во оваа билка има големи количини на лутеолин, кој им помага на очите во заштитата од штетното УВ зрачење.

Друга храна којашто е полезна за вашите очи: тиква, домати, зелка, лук, млеко, авокадо, папаја, кајсии, лимони, портокали, темно чоколадо, остриги, зелен чај, зелени јаболка, кељ.

To top