Од големиот повратнички концерт во „Метрополис арената“ на легендарната македонска поп-рок група „Меморија“ каде што илјадници љубители на нивните безвременски хитови во еден глас пееја заедно со бендот на неколкучасовната забава збогатена и со настапи на специјалните гости и пријатели на „Меморија“, за новогодишниве празници осамна уште едно видео на Јутјуб.
За потсетување на сите оние што присуствуваа на концертот, но и како еден вид новогодишна честитка до своите фанови и сите останати, групата деновиве премиерно го претстави видеото за темата „Среќна Нова“!
Еве како звучеше и изгледаше оваа жива верзија на песната на концертот на групата, одржан на 18 ноември 2017 год. во скопската „Метрополис Арена“.