Промотер

Меморија + Блејзери со концертната верзија на „Дирлада“ (ВИДЕО)

Меморија + Блејзери со концертната верзија на „Дирлада“ (ВИДЕО)

Пред нешто повеќе од еден месец, на 18 ноември годинава, легендарната македонска попо-рок група „Меморија“ го одржа својот голем повратнички концерт во арената „Метрополис“, каде што илјадници љубители на нивните безвременски хитови во еден глас пееја со комплетната постава на бендот. Неколкучасовната забава беше збогатена и со настапи на специјалните гости и пријатели на „Меморија“, како што се: Пере од „Нокаут“, Мики Јовановски – Џафер, групата „Зијан“, Гранит Таќи од „Лева патика“ и неговата ќерка и колешка Леа.

Освен двата албума со најголемите хитови што беа објавени годинава, „Меморија“ в година ќе нè почести и со сосема  новв материјал од кој како вовед ќе ја слушнеме темата „За тебе“, чија премиера се очекува во февруари.

За потсетување на сите оние што присуствуваа на концертот, но и за да видат што пропуштиле оние кои не успеале или не можеле да бидат таму, групата деновиве премиерно го претстави видеото од бисот и спектакуларната изведба на познатата „Дирлада“, во придружба на блех оркестарот „Блејзери“, што ја сумира целата атмосфера на незаборавниот настан, а како изгледаше сето тоа можете да видите подолу.

To top