Сезоната на тиквички е во полн ек, па секојдневно откриваме нови рецепти чија главна ѕвезда е овој сочен и вкусен зеленчук. Најчесто се користат за мусака и поховање, а има бројни трикови за полнење на тиквички со сирење или мелено месо.
Сепак, она што повеќето не го знаат е дека тиквичките се погодни и за рецепти за домашни десерти, во кои можат да се „однесуваат“ како највкусниот и најкремаст фил!
Состојки:
1,5 шолји млеко
1 лажичка оцет
3 чаши брашно
70 грама какао
1 лажичка сода бикарбона
1 кесичка прашок за пециво
1 шолја шеќер
1,5 чаши пире од јаболка
шолја сечкани тиквички
чоколадна глазура
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во подлабок сад измешајте ги млекото и оцетот, па добро изматете и оставете да отстои.
Во посебен сад измешајте ги брашното, какаото во прав, прашокот за пециво и сода бикарбоната и сè убаво измешајте.
Во првиот сад со млеко и оцет додадете шеќер и изгмечено јаболко. Потоа соединете ја оваа смеса со сувите состојки со постојано мешање за да не се формираат грутки.
Половина од смесата истурете ја во калап подмачкан или обложен со хартија за печење. Потоа одозгора наредете ги тиквичките исечкани на коцки, а прелијте ја со остатокот од смесата.
Печете најмалку половина час.
Кога малку ќе се излади, прелијте го со растопената чоколада.