Вистаграм

Меѓу небото и земјата: Дали ова е најубавиот бесконечен базен во Европа? (фото) 

Меѓу небото и земјата: Дали ова е најубавиот бесконечен базен во Европа? (фото) 

Кога бараме сместување на некое патување, базенот често е причина којашто на некое место може да му донесе плус во однос на другo.

На некои луѓе базенот им е единственото од што им зависи сместувањето, а сигурно сме дека ќе ги воодушеви и овој базен поради кој вреди да отпатувате во Тирол.

„Sky Pool“ се наоѓа во италијански „Alpin Panorama Hotel Hubertus“ среде Доломитите. Тој е првото архитектонско чудо затоа што поставен е на 20 метри високи, дрвени столбови, лебди над планински ливади, допирајќи го истовремено и небото и хоризонтот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Hubertus (@hotel_hubertus)

Базенот е направен 25 метри над тлото каде е сместен хотелот, а зад него има неверојатен поглед на врвовите на Доломити и слоевите на зимзелените алпски шуми. Оние храбрите можат да уживаат и во погледот под себе затоа што базенот има стаклено дно.

Водата во „Sky Pool“ е чиста планинска вода која во текот на целата година се загрева на 33 степени Целзиусови, а домаќините тврдат дека кога еднаш ќе ја почувствувате слободата на пливање меѓу алпските врвови, сигурно ќе се вратите таму.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Hubertus (@hotel_hubertus)

„Sky Pool“ е само еден од петте базени на овој луксузен хотел во јужен Тирол во кој ноќта чини од 430 евра, па нагоре. Хотелот исто така има и дрвена сауна „Heaven & Hell Sky Spa“. Станува збор за уште едно чудо на архитектурата во истиот двор..

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Hubertus (@hotel_hubertus)

Ресортот има и фантастична кровна тераса од каде гостите можат да уживаат во погледот на Доломити.

Извор: Точка.мк

To top