Меган Маркл, војвотката од Сасекс, своето прво дете би требало да го роди на крајот на април, а кралскиот пар сè уште не ѝ откил на јавноста дали чекаат девојче или момче.
Сепак, неодамна извори за медумите потврдиле дека тие ќе станат родители на момче.
Веќе некое време се шират гласини дека Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, повторно е бремена или дека ќе роди четврто дете. Извори блиски на кралското семејство велат дека Кејт повторно ќе стане мајка.
Иако нивниот најмлад син Луис сè уште не наполнил една година, британските медиуми тврдат дека Кејт и Вилијам сакаат уште деца..
„Сигурно размислуваат барем за уште една принова. Имено, кралицата има четири деца, па верувам дека и ти сакаат да одат по истиот пат“, рекол за британскиот Мирор, извор близок на кралското семејство.
Брачниот пар освен најмладиот Луис, има уште две деца, постариот син Џорџ и младата ќерка Шарлот.